Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) МВР гаси со два хеликоптери кај Блаце

(ВИДЕО) МВР гаси со два хеликоптери кај Блаце

МВР објави дека два полициски хеликоптери од утрово го гаснат пожарот во околината на Блаце. До овој момент исфрлени се повеќе од 30 тони вода и сеуште активно оперираат.

„Денеска (07.07.2025) од 05.00 часот полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за полициски намени бел 412 и агуста бел 212 се активни во гасењето на пожарот во реонот на Блаце“, соопшти полицијата.

Центарот за управување со кризи синоќа објави дека денес од 5:00 часот наутро ќе се дејствува со 3 хеликоптери. Организирано е полнењето на ведрата преку специјализирани базени поставени од Црвен крст во Стенковец.

- Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата на Општина Чучер Сандево, селата Чучер и Блаце. На пожарот дејствуваат и силите на БППЗ на Град Скопје со повеќе екипи и ПП возила, ЈКП од Општината, Црвен крст со еден базен од кој хеликоптерите полнат вода, како и тимови со ПП возила на ДЗС, објави утрово Центарот за управување со кризи.



Слично

Поврзани вести