Видео: Мукоски вели не е одговорен за отворањето на собраниската врата одвнатре
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсте Мукоски негира дека ги отворил вратите на Собранието на Крвавиот четврток одвнатре.
Алсат М објави дека тој заедно со пратеникот Василевски ги отвориле вратите со тргнување на железните пречки по што влегоа голем број на гневни демонстранти, како и маскирани напаѓачи и директно се упатија кон прес центарот каде претепаа пратеници.
Мукоски тврди дека дека обвинувањата против него не се вистинити.
На прашањето дали е повикан од страна на истражните органи да ја докаже својата верзија за случувањата на крвавиот четврток, Муковски вели дека се уште нема добиено никаква покана од обвинителството.
Слично
