(ВИДЕО) Муцунски и Аеродром му дадоа фудбалски терен на Вардар
Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, објави видео од теренот кој општината ќе му го даде на користење на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар за понатамошните настапи во официјалните фудбалските натпреварувања.
„Вардар е емоција, македонски спортски бренд со кој сите се гордееме, а ние со задоволство го поддржуваме.
Ветивме поддршка за ФК Вардар и тоа ветување го покажуваме на дело. Во непосредна близина на СЦ „Јане Сандански“, фудбалскиот клуб и навивачката група Комити добиваат ново фудбалско игралиште, каде направивме целосна реконструкција на соблекувалните, засадивме нова трева и поставивме нов систем за наводнување на тревата“, објави Муцунски.
Слично
