Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Може ли Македонија да освои Оскар за документарниот филм „Со љубов“?

(ВИДЕО) Може ли Македонија да освои Оскар за документарниот филм „Со љубов“?

Може ли македонскиот филм  „Со љубов“ да и донесе Оскар на малата балканска држава? Стивен Спилберг вели дека може, пишува „Docsinsights“.

„Со љубов“, нискобуџетниот македонски филм ги освои срцата на критичарите и публиката, вклучувајќи го и Стивен Спилберг. За него ова е најдобриот документарец кој го видел во последните години.

Филмот на Илија Цветковски и Атанас Георгиев, ќе има премиера следната недела на Сараевскиот меѓународен филмски фестивал.

„Со љубов“ е приказна за Дионис, професор по биологија пред пензија и неговиот сон. Тој поседува повеќе од сто половни автомобили од кои повеќето не функционираат, но тој секоја вечер спие до нив, сонувајќи својата необична колекција да ја претвори во музеј.

„Ве позиционира апсолутно во душата на главниот лик, вие не дознавате за деталите на неговото минато или неговата иднина, вие само гледате како луѓето кои се најблиску до него реагираат во неговото опкружување, и ова создава едно запознавање кое е топло и блиско до срцето“ – изјави Стивен Спилберг на премиерата на филмот во Торонто.

Се наведува дека овој филм е среќен шарм за Македонија, и дека овој мал балкански народ помина низ многу превирања последните децении. 

Ова е трета номинација за Оскар за македонски филм. 


Слично

Поврзани вести