Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Мнозинството го избра Талат Џафери за собраниски претседател

(ВИДЕО) Мнозинството го избра Талат Џафери за собраниски претседател

Како што најавија од СДСМ дека во секој момент може да се случи изборот на новиот собраниски претседател така и направија.

Токму во моментов парламентарното мнозинство го избра Талат Џафери со 61 глас ЗА.

Седницата ја водеше Горан Мисовски како најстар пратеник присутен во салата, потоа Талат Џафери ја прочита и свечената заклетва.

Изборот се одвиваше во тензична и напната атмосфера како и што е во моментов во и надвор од Собрание.


Додека траеше изборот на Талат Џафери пратениците од ВМРО ДПМНЕ извикуваа „Срамота срамота“...

Граѓани од иницијативата „За заедничка Македонија“ почнаа да влегуваат во Собранието.

Слично

Поврзани вести