(ВИДЕО) Митрополит Петар: Селективно однесување поинакво за едни верски заедници, а друго за МПЦ е погрешно
Вирусот постои за Митрополитот Преспанско Пелагониски и не дај Боже можат да се заразат и црковните лица, но црквата кажува дека од причесната не може да се заразиме оти сите свештеници досега ќе се разболеа и умреа. Владиката Петар препорачува секој заразен и кој што контактирал да биде во изолација или самоизолација.
– Сите што се заразени да не доаѓаат во црква и нека повикаат свештеник со заштитна опрема дома и нека се причестат без лажичка, со налевање, иако од причесна никој не умрел досега затоа што тогаш верата наша не би била вера. Селективно однесување поинакво за едни верски заедници, а друго за Македонската православна црква е погрешно и ваквиот однос нема да придонесе за почитување на мерките и надминување на пандемијата Политичарите не делат нас и внатре во Синодот на наши и ваши. Ако во манастирот Јован Бигорски за Велигден и Струга со литијата се направени грешки штом не седнале цивилните власти и владиците да се договорат претходно, не треба понатаму така да се продолжи со тој однос – вели Владиката Петар во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77.
Според митрополитот Преспанско Пелагониски раздавањето за Задушница на гробишта е погрешно, Раздавањето за покој на душата на починатиот треба да биде за помош на сиромашните и немоќните, а не за гоштевање на блиските на покојниот. Владиката Петар побара државата да помогне со плата за свештениците, кои економски исто така се силно погодени од пандемијата.
Градоначалникот на Дојран, Анго Андов, по рекордниот број туристи и граѓани кои побегнаа од карантинот за Задушница во Скопје, Тетово, Штип и Куманово во истата емисија зборува за опасноста да се прелее вирусот во оваа засега „чиста” општина и за претстојната летна туристичка сезона, која поради коронавирусот граѓаните ќе ги упати во домашните летувалишта и одмаралишта.
