Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Митко Јанчев пофален дека прв го исчистил целосно снегот

(ВИДЕО) Митко Јанчев пофален дека прв го исчистил целосно снегот

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска беше пофален од локалниот телевизиски канал РТК дека е првиот раководител на македонска општина што денеска успешно се справил со снежните наноси и го исчистил градот за само неколку часа.

„Додека сите  беа преокупирани по новогодишноти славје ,Јанчев со расположивите кадри и механизацијата беше на терен и лично раководеше со обемна операција чија главна цел беше нормализирање на сите парни правци со нагласка на  селата во поткожувскиот регион.Висината на снегот  изнесуваше од 1 до 1,5 метар .Во ваква ситуација  беше неопходна решителна и брза интервенцијапред се заради лугето и стоката кои  се наоѓаат во селата.Со булдожери беше исчистен патот Бојанчиште - Куманичево и Конопиште -Лукар со што се со цел лесно движење и непрекинато водоснабдување од страна на ЈП Комуналец.Треба да се каже дека работата на луѓето на ова делница кон Лукар беше исклучително сериозна и опасна,но мораше да се заврши.Овде постоеше опасност да замрзне водата која се слева во решеткастиот дел на изворите а со тоа граѓаните на Кавадраци, Неготино и дел од Росоман да останат без вода, како што се случи пред некоја година поради слично невреме“, објави меѓудругото РТК.

Јанчев истото го сподеи на својот службен профил на Фејсбук. Тој е единствениот градоначаник што победи во урбана општина на последните локални избори номиниран од ВМРО-ДПМНЕ, но партијата го исклучи во моментите додека беше нејзин потпретседател по отворањето на уставните измени во Собранието.

Тој често добива пофалби од своите сограѓани дека успешно се справува со комуналните проблеми на Кавадарци.

Слично

Поврзани вести