(ВИДЕО) Митко Јанчев: Интензивно се работи на гаснење на подметнати пожари кај Тиквешко Езеро
Подметнати пожари зафатија тешко достапни локации на Тиквешко езеро.
„Се прави се што е во наша моќ за истите целосно да се изгаснат“, соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.
Во акцијата за гаснење се вклучени 3 возила БТР, 1 хермелин, 5 возила „пинцгауер“, 3 противпожарни возила, 1 камион на шумско стопанство. На терен се 30 лица, како и 2 авиона за гаснење пожари.
„Се соочуваме со два сериозни пожари на непристапни и ризични терени, кои се предизвикани од човечка рака. Се апелира за совесност и одговорност, бидејќи подметнувањето пожари претставува директна закана за природата, луѓето и материјалните добра“, рече Јанчев.
Македонија цело лето се соочува со пожари.
Слично
