Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Милчо Манчевски: Не снимале филмови, а земените пари не ги вратиле

(ВИДЕО) Милчо Манчевски: Не снимале филмови, а земените пари не ги вратиле

Изминатите неколку години имало 39 проекти за 39 филмови, за кои парите се дадени, а филмовите не се снимени, а парите не се вратени, вели Милчо Манчевски во поткастот „Бизнис муабети“.

- Секоја година се одобрени 2-3 милиони евра, а порано фондот бил поголем. За колку пари станува збор, тоа допрва треба некој да го испита, вели режосерот. Поради вакви симптоматични ситуации, неговата продукција која чесно работела останала недоисплатена.


За кадарот кој ја води Агенцијата за филм смета дека не може ниту да препознае талентирани автори на филмови за да ги поддржи.

- Агенцијата за филм ја водат луѓе кои не се способни тоа да го завршат и нечесно работат, а еден куп пари се потрошени, се искрадени, наместо да влезат во филмови за промоција на заедницата и земјата


Манчевски во поткастот зборува и за неговото познанство со Ричард Гир, со кого последен пат се видел кога холивудскиот актер бил во Скопје.



Слично

Поврзани вести