Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Михаилов објави снимка: Фатиле дрвокрадци кои ја пустошеле Плачковица

(ВИДЕО) Михаилов објави снимка: Фатиле дрвокрадци кои ја пустошеле Плачковица

Екипи на ЈП „Национални шуми“, заедно со Шумската полиција фати група дрвокрадци кои подолго време ги пустошеа шумите на планината Плачковица во околината на Радовиш. Oва го соопшти заменикот директор на „Национални шуми“, Кире Михаилов.

Михаилов на својот профил на Фејсбук објави и видео од акцијата на апсење на дрвокрадците. Притоа се запленети два автомобили и една моторна пила, како и други алати што ги користеле дрвокрадците.

„Конечно на лице место фатени дрвокрадци кои пустошат на радовишка Плачковица. Заедно со Шумската полиција од ПС Скопје денеска на лице место фативме дрвокрадци кои изминатиов период правеа „партал“ во Радовишко. Сторителите се идентификувани и против нив веднаш ќе бидат поднесени кривични пријави“, напиша Михаилов.

Во својот пост тој порачува дека „нема да има недопирливи“ кога станува збор за гонењето на дрвокрадците.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести