(ВИДЕО) Мицкоски пречекан од Рама пред Самитот во Тирана
Премиерот на Албанија, Еди Рама, го пречека претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски во рамките на Самитот со лидерите на Западен Балкан пред состанокот со еврокомесарката за проширување Марта Кос.
Премиерот Мицкоски во Тирана на Самитот на лидерите од земјите на Западен Балкан. ќе говори на панелот „Исполнување на заеднички обврски, резултати и забрзување“, каде што ќе ги претстави обврските и приоритетите на државата на евроинтегративниот пат.
Во Палатата на Бригадите ќе се одржи Самитот за план за раст „Нашиот пат кон ЕУ“, на кој лидерите од регионот заедно со еврокомесарката за проширување Марта Кос ќе разговараат како постепено да се отвори вратата кон единствениот пазар на Европската унија, пред формалното членство.
Слично
