Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Мицкоски и Николоски летаа со првиот лет на Визер од Скопје до Будимпешта

(ВИДЕО) Мицкоски и Николоски летаа со првиот лет на Визер од Скопје до Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот Александар Николоски денес со првиот летна Визер од новата авиолинија Скопје – Будимпешта, која започнува од денеска, пристигнаа во Унгарија на средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Ова е линија која отвора нови економски, туристички и пријателски односи меѓу Македонија и Унгарија.

Скопје - Будимпешта создава нова можност за патување, студирање, водење на бизнис и полесно поврзување со останатите европски и светски центри“, објави Николоски.

Претходно Владата на РСМ објави дека Мицкоски, Николоски и останатите членови од делегацијата ќе имаат еконосмко-политичка средба со Орбан и неговата администрација.



Слично

Поврзани вести