Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: „МИ РЕЧЕ ДЕКА НЕ БИЛА СВЕСНА ЗА ОДНОСИТЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА“: Македонскиот пејач кој беше на сцената со Цеца даде објаснување за ситуацијата со знамето

ВИДЕО: „МИ РЕЧЕ ДЕКА НЕ БИЛА СВЕСНА ЗА ОДНОСИТЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА“: Македонскиот пејач кој беше на сцената со Цеца даде објаснување за ситуацијата со знамето

Македонскиот пејач Мики Секуловски, познат по учеството во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, се огласи по инцидентот со бугарското знаме на концертот на Цеца Ражнатовиќ во Велес, кој предизвика бурни реакции во јавноста.

Во видео-обраќање на социјалните мрежи, Секуловски објасни дека ситуацијата се одвила ненадејно и дека во прв момент не забележал дека пејачката држи бугарско знаме.

„Мислев дека во рацете има некаков постер или транспарент со нејзина фотографија. Дури кога публиката почна да реагира, сфатив што навистина држи. Веднаш се доближив и го тргнав знамето,“ рече Секуловски.

Пејачот додаде дека Цеца била збунета и дека не сфатила што се случува, а реакцијата на публиката веќе била видливо вознемирена.

„Можеби требаше побрзо да реагирам, но навистина не забележав во првиот момент. Ми беше важно да ја смирам ситуацијата, не да ја разгорам,“ нагласи тој.

Секуловски изрази жалење што непријатната сцена го засенила концертот:

„Навистина жалам што се случи ова. Никој не очекуваше на концерт во мојот град да се појави бугарско знаме. Публиката имаше право да биде револтирана,“ рече тој, додавајќи дека по настапот имал краток разговор со Цеца.

Според него, пејачката изразила жалење и објаснила дека не била свесна за чувствителноста на односите меѓу Македонија и Бугарија.

„Ми рече дека не ѝ била намера да предизвика провокација и дека жали што публиката така го доживеала моментот,“ откри Секуловски.

По реакциите во јавноста, Цеца Ражнатовиќ излезе со свое обраќање, истакнувајќи дека не сакала да навреди никого.

„Секогаш со радост прифаќам знамиња од моите обожаватели, без разлика од каде се. Нас нè поврзува љубовта кон песната, не политиката. Жал ми е ако некој се почувствувал повредено – тоа навистина не беше моја намера,“ рече таа.

Ражнатовиќ додаде дека инцидентот не влијаел на атмосферата во салата и дека концертот продолжил во позитивен дух.

„Сите што бевме таму, знаеме што навистина се случи. Љубовта меѓу мене и мојата публика останува иста,“ порача пејачката.


Слично

Поврзани вести