Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Место во фрижидер, посета од лекар, кревет - Македонските затвори се дувло на ситна корупција

(ВИДЕО) Место во фрижидер, посета од лекар, кревет - Македонските затвори се дувло на ситна корупција

Мобилни телефони, посета на затворски лекар или стоматолог, фрижидер се некои од услугите кои затворениците можат да ги добијат во затворот по одредени цени во Македонија со тоа што ќе понудат поткуп кај надзорниците.

Од друга страна, висината на платата на затворската полиција, заедно со дополнителните часови и стажот на вработениот во просек може да достигне до 22 000 денари, се споменува како најчеста причина за да се случи корупција. 

Ситната корупција може да помогне, но и да го покаже патот како да се дојде до крупната корупција. Иако таканаречена ситна корупција често се занемарува па дури и се смета за не толку важна, истата има голема улога како да се најде друга поголема коруптивна зделка направена во различни сектори од нашето опкружување.

Казнено поправните домови се сметаат за „рај“ токму за таа ситна корупција. За да истата биде спроведена, потпомогната е од затворската полиција која најчесто се појавува како посредник помеѓу притвореното и друго лице од кое се бара услуга. Ова не би изгледало вака, доколку затворската полиција би имала поинаков статус во општетсвото и доколку нивните месечни примања би им обезбедиле поудобен живот, кои и најчесто се сметаат како причина за  коруптивни дела, како што е поткупот, па дури и злоупотреба на службена должност и овластување.

Како најчести причини кои се наведуваат за да се дојде до чинот на корупција во казено поправните установи е нискиот економски стандард, старите и дотраени униформи, недостигот на кадар, невреднувањето на ризикот со кој се соочуваат затворските службеници, но не се исклучува и криминогената структура на самите осуденици. 

Заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа вели дека според нивни сознанија кои ги добиле од непосредните разговори со осудените и со службените лица во затворите постои еден посебен систем на корумптивна хиерархија, со што дури креветот чини пари.

„Корупцијата ја има тоа е не миновно, односно не сомнено прашање за кое алармиравме и годините претходно, меѓутоа и минатата година како национален превентивен механизам и заштитник на правата на осудените лица и она што го добиваме во разговорите со осудените лица е податокот дека има и неформален ценовник кој што им е познат на сите осудени лица за тоа колку чини еден мобилен телефон, каков вид на марка, колку чини легло, погодност, колку чини обезбедување на определено нешто што со куќниот ред не е дозволено  итн. Што за жал, ние минатите години алармиравме за една страшна ситуација во која што дојдовме во разговор со осудените лица а тоа е дека се бара и определени парични средства од страна на осудени лица, службени лица вработени во казнено поправните установи за да може да им се набават дрога или некоја друга психотропна супстанца што е забранета во казнено поправните установи“, рече заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска Мустафа.

Директорот на казнено поправниот дом во Штип, Мики Тодоров, што беше нотирано во извештајот Комитетот за спречување тортура, со законот за амнестија, бројката од 339 која тој ја затекнал сега е намалена на 214 осудени лица и вели бројката е одржлива и нема проблем со пренатрупаност и проблеми со кревети.

Деталната сторијата може да ја прочитате на МК Медиа Сервис, а повеќе ќе има и во утрешната емисија од серијалот „Парадокс“ во емисијата „Стадион“ на Канал 77 во 10.00 часот.

Слично

Поврзани вести