(ВИДЕО) Мерко „го запали“ Црн Дрим
Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга, синоќа на Денот на Охридското езеро официјално го вклучи системот кој ќе го осветлува Црн Дрим.
Проектот чини 110.000 евра, а еко-активистите имаа многу забелешки, пред се дека тој ќе го наруши биоритамот на живиот свет.
Како што е наведено во постот на профилот на општина Струга на Фејсбук, проектот вклучува инсталација на арматура што е изработена од нерѓосувачки челик и отпорна на корозија.
Должината на осветленото корито е 900 метри, а арматурата поставена од двете страни на коритото е во должина од 1.800 метри.
Слично
