ВИДЕО: Мечка си шета во центарот на Битола: Битолчани го повикуваат Ангелов во акција
Изминатите два дена, жителите на Битола забележале мечка како се движи низ градот, а снимките брзо се проширија на социјалните мрежи. Животното било снимено на улицата „Македонска Фаланга“, во близина на градското шеталиште, под Тумбе Кафе, кај стадионот во Битола и на улицата 16 кај Водовод.
Граѓаните изразуваат загриженост и повикуваат надлежните институции да преземат мерки за да се избегнат несакани инциденти, а во дел од објавите се повикува и директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Од СВР Битола потврдија дека случајот е официјално пријавен во полиција. Ловните здруженија, пак, истакнуваат дека мечката е под трајна заштита и немаат законска можност за интервенција против животното.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски вели дека деновиве има повеќе пројави за мечка.
„Како градоначалник на Битола и во име на Општина Битола Ве информирам дека во врска со случајот на појава на мечка што можеше да се види на видео споделено на социјалните мрежи, контактирав и ги информирав Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи, како и државниот инспекторат за шумарство и ловство при Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство и Агенцијата за храна и ветеринарство.
Деновиве има повеќе пријави до институциите за мечка во атарот на селата Трн, Оптичари, Поешево и Егри, а последната пријава на бројот 112 во Центарот за управување со кризи е од денешните рани утрински часови за мечка видена во околината на градскиот парк во Битола.
