Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) МЕЧКА СЕ ЗАГЛАВИ ВО БАЧИЛО ВО СЕЛОТО БОЗОВЦЕ - еве како ја ослободија стручните екипи

(ВИДЕО) МЕЧКА СЕ ЗАГЛАВИ ВО БАЧИЛО ВО СЕЛОТО БОЗОВЦЕ - еве како ја ослободија стручните екипи

Националниот парк на Шар Планина објави дека мечка се заглавила во бачилото на локален жител од селото Бозовце.
Потоа, од нацкионалниот парк заедно со екипи на Зоолошка градина Скопје, успеале за три часа да го ослободат овој мажјак.
Споделија и видео од акцијата.
„По дојава на локален жител од село Бозовце дека во неговото бачило е заглавена мечка, Ј.У.Н.П. Шар Планина заедно со стручни лица од Јавната Установа Зоолошка градина на град Скопје организираа акција за ослободување на животното.

Возрасниот мажјак кој беше заглавен во сајла околу 10 часа, беше изморен и исплашен, а по 3 часа работа Бозо беше успешно ослободен.

Мечките се строго заштитени жители на Шар Планина, а локалното население од планинските села живее во соживот со природата. Упатуваме благодарност до сопственикот на бачилото кој го пријави настанот за да се ослободи мечката.

Благодарност и до полициските службеници за напорите да го обезбедат теренот, како и до сите други надлежни институции со кои се координираше акцијата“, пишува на нивната веб страница.


Слично

Поврзани вести