Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Маркоски за пoжарот: Дел од луѓето се во Самоков, а дел останаа да ги штитат своите домови

(ВИДЕО) Маркоски за пoжарот: Дел од луѓето се во Самоков, а дел останаа да ги штитат своите домови

Ништо не е безбедно додека има пожар,  дел од луѓето се на безбедно во Самоков, а дел останаа да ги штитат своите домови, вака Живко Маркоски ја опишува состојбата во селото Требовље кај Македонски Брод каде со денови беснее пожар. 

Тој во селото има викендичка, но вели дека сега во Требовље е хаотично. 


„Луѓето се евакуираат, а јас штотуку се вратив од селото. Полицијата не дозволува пристап. Огинот е влезен во селото и состојбата е за никаде. Мојата викедничка не далеку, сѐ е на куп. Селото со викендичките има околу триесетина куќи. Само Господ може да го запре овој пожар“ - вели Маркоски. 

Пожарот беснее десетина дена, а изгорена е и голема површина со шума. 


Слично

Поврзани вести