Видео: Манчевски: Неодговорноста на Груевски во минатите 10 години најголема причина за загадувањето
Дамјан Манчевски ги претстави мерките кои СДСМ планира да ги преземе за да се намали огромното загадување на воздухот во Македонија кое директно му го препишуваат на неодговорното владеење на Груевски во изминатите 10 години. Според Манчевски потребна е итна гасификација на Македонија, особено во големите градови за да се обезбеди чист и евтин енергенс.
- Ова се само дел од долгорочните мерки и политики во „Планот за живот во Македонија“. За жал, Скопје и другите градови се наоѓаат во катастрофална состојба со загадениот воздух. Затоа се потребни итни мерки, а не само препораки какви што издаде Коце Трајановски, посочи Дамјан Манчевски.
Слично
