(ВИДЕО) МАЛОГРАЃАНСКА СВЕСТ НА ДЕЛО: Скопски таксист отстрани заштитен столб за да си се паркира
Ниска свест владее кај Скопските граѓани.
Она што ќе го видите во продолжение е само мал доказ за тоа како изгледа една малограѓанска култура.
Имено, на таксист му засмета заштитен столб поставен близу трговскиот центар Веро па решил сам да го извади и затскрие и да си се паркира на саканото место.
Меѓутоа, можеби не помислувал дека на „местото на злосторството“ ќе се најде некој кој ќе го документира овој срамен чин кој не му доликува на возрасен човек посебно кога се уништува нешто на ваков начин.
Таксистите често пати се мета на критики во јавноста, ретко ќе се сретнат позитивни луѓе од оваа индустрија (пренесуваме лични искуства од граѓани кои се жалат на нервозни, неуредни таксисти и слично), а ова дело што ќе го видите само ја покажува свеста на овој граѓанин.
Не е познато од која компанија е овој таксист или е таканаречен див превозник, но ние ќе го осудиме овој негов неубав чин и ќе ве замолиме да не ги следите неговите постапки, зошто вака Скопје никогаш нема да биде-градот убав!
За да имаме нешто, треба да се грижиме за него, а не да го уништуваме!!!
