Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Малагурски прашува дали е вредна ЕУ за толку многу понижувања?

(ВИДЕО) Малагурски прашува дали е вредна ЕУ за толку многу понижувања?

Познатиот српски режисер Борис Малагурски во емисија на RT посветена на Македонија, прашува дали е вредна Европската Унија за толку понижувања. 

Го споменува примерот со нашата земја, која го спомени името, го реши спорот со Грција, но сега се соочува со вето од Бугарија, која е земја членка на ЕУ. Наведува дека Македонија треба да се откаже од јазикот, историјата, но и од славење на Тито. 

„Ова не е прв пат ЕУ да има понижувачки барања, за добивање ветување кои на крајот не се исполнува“, вели Малагурски. 

Потсетува дека и Србија добивала ветувања дека ќе влезе во ЕУ, но тоа не се случи. 

„Дали Србија е во ЕУ? Не. Но, Бугарија е. О, да, тие стигнале до ветената земја. А граѓаните се толку среќни што веќе со месеци многумина протестираат дека мафијата ги контролира сите државни институции, вклучително и судството, медиумите и тајните служби“, вели Малагурски. 

Како пример ја наведе и Хрватска, која  е во ЕУ, но бележи лоши економски резултати. 


Слично

Поврзани вести