(ВИДЕО) Македонската химна во Амбасадата на САД испеана без споменување на Гоце Делчев
На синоќешната прослава на националниот празник 4 јули - Денот на независноста на САД во американската мабасада во Скопје, покрај онаа на земјата-славеник, беше изведувана и химната на Македонија но без строфата каде што се споменува Гоце Делчев и другите национални херои.
Тамара Тодевска во својот настап, засега од необјасниви причини, го испушти тој дел од химната, по што се јавија коментари дека ваквиот потег се должи на спорот со Бугарија, односно помеѓу комисиите составени од историчари за идентитетот на Гоце Делчев што подоцна премина на политичко ниво со закани во завиена форма дека можни се блокирања на евроинтегративниот пат на Македонија.
Вчера во дипломатското претставништво на САД на Кале се одржа прием на кој присуствуваа голем број гости, меѓу кои беа и претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претставници на Владата, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени и други..
Реакции имаше и од македонските здуженија во дијаспората, а особено од Македонците од Бугарија и од Обединетата македонска дијаспора, која повика на итно изјаснување и извинување од страна на aмбасадата на САД во Скопје.
