(ВИДЕО) МАКЕДОНИЈА ГО ПОДДРЖУВА ТРАМП: Мицкоски го пофали говорот на Џеј Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција
Премиерот Христијан Мицкоски силно го поддржа стратешкото партнерство на Македонија со САД.
На говорницата на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците во Вашингтон, македонскиот премиер беше претставен како поддржувач на политиката на Доналд Трамп, дури и пред тој да биде избран за претседател на САД. Мицкоски го коментираше и говорот на потпретседателот Џеј Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција.
„Можеби некои европски лидери ќе ми се налутат, но за мене тоа беше историски настан. Тоа беше инспиративен гово“, рече тој и измами аплаузи во салата.
За плановите на Трамп САД да станат доминантен снабдувач на енергија во Европа, Мицкоски нагласи дека ние го градиме интерконекторот кон Грција и ќе почнеме да го градиме интерконекторот кон Србија. Користејќи го терминалот во Александрополис, американскиот гас преку овој гасовод што ќе поминува низ Македонија ќе биде суперконкурентен во однос на рускиот гас.
Трамп инаку ги заостри односите со европските земји, а остри зборови си размени и со украинските власти. Тој бара брз крај на војната во Украина. Задутре се навршуваат три години од почетокот на војната во Украина.
