Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: „Макар и на носилки, на информативен разговор“: Драматично видео се појави од Демир Хисар, еве го објаснувањето од ОЈО

ВИДЕО: „Макар и на носилки, на информативен разговор“: Драматично видео се појави од Демир Хисар, еве го објаснувањето од ОЈО

Драматично видео од претрес кој се одвивал синоќа кај директорка на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, Маја Лозановска.

Нејзиниот адвокат Жарко Стеваноски уште синоќа го објави видеото, со обвинување дека пред распишувањето на изборите сакале да ја сменат од директорската позиција. Тој во видеото нагласи дека ќе поднесе кривична пријава против градоначалникот, а имаше и дискусија на висок тој со полицискиот инспектор кој беше дојден на претресот.

На видеото се слуша дека Лозановска е во кревет со покачен крвен притисок, забрането и е да се движи, а полицијата вели дека ќе ја однесе со носилки.

На видеото се гледаат и медицински лица кои биле таму во моментот и кои изјавуваат дека таа не е во животозагрозувачка состојба и дека ако треба да оди во полиција бидејќи била повикана на информативен разговор, можеле да ја однесат на носилки.




Од Основното јавно обвинителство велат дека „Поради сомненија за кривично дело - Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи - ОВР Демир Хисар од Основното јавно обвинителство Битола побара издавање Наредба за претреси на три локации - службени простории на училиштето, дом и автомобил на пријавено лице. Основното јавно обвинителство Битола побара од Основниот суд во Битола да се издаде наредбата со цел обезбедување предмети од кривично дело. Судот ја ценеше основаноста и го прифати барањето за претрес, по што ОВР Демир Хисар во текот на вчерашниот ден извршило претрес на трите локации, а за претресите и евентуално пронајдени и одземени предмети се уште нема доставено официјално писмено известување до обвинителството. Законската процедура за обезбедување наредба за претрес на дом и други простории е во целост испочитувана. Спроведувањето на наредбата е во надлежност на полициските службеници. Основното јавно обвинителство Битола нема издадено наредба за приведување или итен распит на лице во конкретниот случај“, велат од ОЈО.

Слично

Поврзани вести