(ВИДЕО) Мајката на осомничениот за убиствата на жените не сака да се снима пред камера, но тврди дека нејзиниот син не е виновен
Мајката на осомничениот за убиствата на жените во Челопек и Драгоманце не сака да се снима пред камера, но тврди дека нејзиниот син не е виновен. Имал психички проблеми и неможе да зборува, а таа го носела и на лекар. Мајката вели дека напасувал овци, бил мирен, но селаните им биле љубоморни бидејќи имале 250 овци и не ги сакале, а нејзиниот син го пријавувале во полиција за кражби. Сега мајката вели дека под притисок ќе каже дека сторил нешто за што не е виновен. А вината ја насочуваат и кон таткото на осомничениот кој му испраќал пораки и го учел да им прави лошо, пишува Радио Бум.
Жителите на Драгоманце и Челопек велат дека осомничениот за убиствата на жените не бил сам во делата кои ги извршил.
Марија Маринковска, девојката на возраст од 35 години, за која обдукцијата покажа дека починала од насилна смрт, на своето семејство кажала дека осомничениот за убиствата Т.Б. ја следи. Во последниот телефонски разговор, таа му рекла на својот брат дека некој ѝ тропа на вратата и дека многу се плаши.
Институциите треба да откријат дали лицето е сериски убиец и дали стои зад неколку убиства на жени во Општина Старо Нагоричане. Жртвите ги наоѓале мртви и полуголи.
Слично
