(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски,денеска ја потпиша повелбата за стратешко коалицирање на Коалицијата „Твоја Македонија“ со преостанатите партии кои решија да му се придружат на овој блок пред парламентарните избори на 8 мај.
Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Мицкоски беа Стојанче Ангелов од Достоинство и Љубе Бошковски од Обединети за Македонија, инаку актуелни владини соработници.
Пред таканаречената „бела палата“ се најдоа и Петар Богојески, и Солза Грчева,поранешна пратеничка од СДСМ која формираше своја партија - Глас за Македонија.
Слично
