Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ:  Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска излегоа со нови обвинувања за екс министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, која според нив, трошела народни пари за авионски билети дури и за дестинации каде не отишла. 

Од партијата ја нарекуваат Бисера Антоанета баш поради тоа што се расфрлала со народни пари. 

„Бисера Антоанета не можела да стигне секаде каде што сакала, трошела пари на авионски билети, плаќала со службена картичка, а потоа не одела на пат, парите пропаѓале. Ова не е случај само со 3.000 евра платени за карти за Дубаи, тоа е случај и за две авионски карти платени за Лондон. Бисера Антоанета платила две авионски карти на релација Приштина – Лондон во еден правец во висина од 44.900 илјади денари, а потоа не заминала на пат и парите пропаднале“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.


Претходно ја обвинија дека во Лондон со народни пари купила куфери и играчки, за што таа тврдеше дека авиокомпанијата ги изгубила куферите и таа морала да купи нови. Потоа имаше повеќе обвинувања за тоа како трошела во Виена, плаќала скап стан, купувала билети за Дубаи, а не одела на патувања и слично. 

Слично

Поврзани вести