Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Куманово во шок: Возило излетало од надвозник кај Бедиње, има жртви!

(ВИДЕО) Куманово во шок: Возило излетало од надвозник кај Бедиње, има жртви!
Втора сообраќајна незгода денес го потресе Куманово.

Како што пренесуваат медиумите автомобил бмв со кумановски регистаски таблички излетал од надвозникот во Бедиње на автопатот Куманово- Табановце.

kumanovo nesrekja

                                                                             Фото: Ѕид на сообраќајниот срам

Имено, несреќата се случила пред 17 часот, кога од засега непознати причини автомобилот кој се движел од населбата Бедиње кон центарот на градот изгубил контола и ја пробил заштитната ограда. Откако паднал на автопатот на него налетала цистерна, која во обид да го избегне бемвето се превртела неколку пати и преминала на другата коловозна лента. Во несреќата загинале најмалку две лица, а не се знае точно колку се пренесени во болница, пренесува Кумановоњуз.

Според очевидци на местото на настанот имало две безживотни тела, а сообраќајот на автопатот кон Скопје и Табановце во двете насоки е во прекин.

Повеќе информации се очекуваат по завршување на увидот.

Утрово на патниот правец Куманово-Скопје , кај Агино село се преврте камион-шлепер.

Имено, шлеперот бил  со бугарски регистарски таблици а со  него управувал грчки државјанин кој е полесно повреден и пренесен во кумановската болница.
Видеата се превземени од Kumanova Sot
Слично

Поврзани вести