(ВИДЕО) Ковачевски во Охрид го пречека Вучиќ, Курти на кафе со Ахмети
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски во Охрид го пречека српскиот претседател Александар Вучиќ кој ќе се сретне со косовскиот премиер Албин Курти, за да разговараат за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.
Ковачевски и Вучиќ се согласија дека мирот не само во двете земји туку и во целиот регион е важен, а дијалогот е важен за подобрување на односите. Курти се сретна и со дел од македонските политичари од албанскиот блок пред средбата. Тој се сретна со претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Фотографии на Фејсбук објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој присуствувал на средбата.
Вучиќ претходно кажа дека нема да поптишува ништо во Охрид, но беше изненаден дека многу медиуми покажале интерес за средбата.
Десничарски партии и движење синоќа протестираа во Белград со порака „Косово не го даваме“. Француско - германски предлог им се нуди на Србија и Косово за нормализирање на односите.
Слично
