Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Кочанска река се излеа во Облешево: Семејство не може да излезе од дворот

(ВИДЕО) Кочанска река се излеа во Облешево: Семејство не може да излезе од дворот

Семејство не може да излезе од дворот во селото Облешево каде се излеа Кочанска река. 

„Сабајле околу 6 часот видовме дека водата надојде. Не можеме да излеземе, само до терасата и таму застанавме“, изјави сопственичката на една од поплавените куќи за ТВ Стар.

Семејството најави дека ќе поднесе барање за обештетување поради причинетата материјална штета.  Најмногу дожд 40 литри на квадратен метар во изминатите 24 часа наврна во Демир Капија, по што следат Радовиш и Пожар со 37, Гевгелија со 35 и Штип со 28. Деветнаесет литри на квадратен метар наврнаа во  Струмица, 16 во Виница, 15 во Куманово, 13 во Кавадарци и Крива Паланка, 12 во Попова Шапка, 11 во Претор, 10 во Маврови Анови и Скопје-Петровец, 8 во Берово, 7 во Лазарополе, 6 во Велес, 5 во Пожаране, 4 во Битола, Тетово, Крушево и Прилеп и по еден во Скопје – Зајчев Рид и Тополчани.

фото Тв Стар

Слично

Поврзани вести