Видео Клик Плус: Зошто САД ја нападна Сирија, можен ли е нов бегалски бран?
Во вечерашната дебата на Клик Плус на ТВ 21 ќе може да ја проследите анализата за последниот воен напад на САД во Сирија.
Новиот американски претседател Доналд Трамп ја нареди првата поголема воена акција на американската армија која со Томахавк ракети изврши напад врз воздушна база во Сирија, потег кој се смета дека е одговор на претходниот напад со хемиско оружје во Сирија.
Ваквата воена интервенција наиде на големи осудувања од страна на Русија која се противи да бидат вршени напади врз сириската армија која сеуште е лојална на Башр ал Асад.
Затоа се поставуваат прашањата какви ќе бидат последиците од овој нов развој на настаните. Може ли случувањата во северозападна Сирија да покренат нов бегалски бран?
Вечерва во Клик Плус на оваа тема разговараат поранешните амбасадори Љупчо Арсовски и Ѓорѓи Филипов, професорот Владимир Пивоваров и активистот Јасмин Реџепи. Гледајте ТВ 21 од 21:30 часот.
