Видео Клик Плус: Огромни очекувања од новата власт, но како ќе „игра“ опозицијата?
Откако претседателот Иванов се реши да го додели мандатот за состав на нова влада на Зоран Заев конечно имаме правец во кој на помалку турбулентен начин може да се заврши политичката криза преку мирно предавање на власта.
Мандатот е доделен, тече рокот за состав на новата власт, а кај граѓаните очекувањата се огромни, особено по прашањата за клучните реформи и стабилизирање на општеството.
Со што се ќе се соочи СДСМ и коалициските партнери во обидот да ја стабилизираат Македонија?
Веста за отворениот пат кон формирање нов владин кабинет од вчера на пладне, ослободи голема енергија, нешто како катарза за оние кои чекаа промени во земјата. Ќе им е исполнат ли надежите?
Како новата опозиција да си го најде одново местото меѓу европските десничарски партии? ВМРО-ДПМНЕ исто така има голема одговорност во период кој следува, но се уште има доза на резервираност како ќе се одвива процесот на трансформација на власта.
За овие и други прашања вечерва ќе проследите дебата со аналитичарите Ѓорѓи Спасов, Исмет Рамадани, Љупчо Петковски и Љупчо Алексовски.
Затоа гледајте вечерва Клик Плус на ТВ21 во 21:30.
