Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео Клик Плус: Ќе испорача ли Владата резултати пред ЕУ?

Видео Клик Плус: Ќе испорача ли Владата резултати пред ЕУ?

Во вчерашната дебата на Клик Плус на ТВ 21 учесниците беа согласни дека Македонија мора да го продолжи засиленото темпо на реформи и да испорача вистински резултати со цел да се доближи до Европската унија, но и да ја зацврсти внатрешната демократија за што ќе бидат потребни огромни напори на сите страни.

Дипломатот Јован Теговски смета дека Европската комисија со нејзината програма за 2018 година на Македонија и на владата и дава поттик да го сработи тоа што е неопходно и смета дека по повеќето пречки во изминатиот период посакуваните резултати ќе бидат испорачани.

Бизнисменот Зоре Темелковски смета дека направени се храбри потези за напуштање на оската Белград-Атина и вртење кон оската Тирана-Софија за нови економски перспективи кои ќе излезат на површина со засилените дипломатски активности и на ваквата политика треба да и се даде шанса.

Аналитичарот Илиевски вели дека откако помина фазата на поставените цели преку т.н.бенчмаркови или приоритетни одредници сега има нова динамика во исполнување на условите на ЕК и затоа може да се искористат искуствата на соседите.

Во продолжение погледнете го и целосното издание на вчерашната дебата на Клик Плус за меѓународните активности на Владата.


Слично

Поврзани вести