Видео Клик Плус: Дали ПМ10 се гледаат само во опозиција?
вечерва, 21:30 во живо на ТВ21 ќе може да го погледнете новото издание на дебатната емисија Клик Плус со темата за загадувањето во Скопје и мерките кои локалната власт е неопходно да ги преземе.
Во дебатата ќе учествуваат градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, експертот за животна средина Стефан Стефанов, Ели Пешева од граѓанската иницијатива Kоалиција 02 и Антон Чибишев доктор токсиколог.
Зимската сезона го врати на површина стариот проблем, кој по се изгледа дека политичарите го гледаат само во опозиција, а тоа е загадувањето на воздухот. Новите функционери пред да станат власт уверуваа дека решението го имаат во џеб, но сега предложија мерки кои веќе сме ги слушнале. Граѓаните пак својот револт повеќе сакаат да го искажат на социјалните мрежи, отколку да излезат на протест.
Гледајте Клик Плус на ТВ21 во 21:30 за одговори на овие прашања.
