Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео Клик Плус: Дали е премината црвената линија против странските дипломати, кои се последиците?

Видео Клик Плус: Дали е премината црвената линија против странските дипломати, кои се последиците?

Во вчерашното издание на дебатниот магазин Клик Плус се поставија прашањата за односот на македонските политичари кон странските дипломати, упатувањето на се пожестоки пораки, па и директни обвинувања и напади. Оваа состојба ја анализираа Агрон Буџаку, Александар Димитров и Љупчо Арсовски кои имаат огромно искуство во дипломатијата.

Амбасадорот Буџаку смета дека преминати се црвените линии и тоа што ќе се злоупотребува за ситни партиски интереси може да има последици кај нашите стратешки партнери и пријатели во ЕУ и НАТО. 


Екс министерот за надворешни работи Димитров оценува дека се шири една непотрбна хистерија и се влечат неумесни потези кои не и носат нешто добро на Македонија, странските претставници мора да се почитуваат и заштитат како гости во оваа земја, а политиката треба да биде попамтено водена. Таа хистерија, пак доведе до постојано прогласување на домашни и странски непријатели.

За сигналите кои се испраќаат кон Москва, амбасадорот Арсовски вели дека нема простор за такви маневри, ние 25 години сме определени за евроаталантски интеграции и тој курс мора да се задржи.

Целосното издание на дебатната емисија Клик Плус која се емитува на ТВ 21 погледнете ја во продолжение. 




Слично

Поврзани вести