(ВИДЕО) ЌЕ СЕЧАМ ГЛАВИ И ЌЕ ТЕ ТОПАМ ВО КИСЕЛИНА, НЕ ЗНАЕШ КОЈ СУМ ЈАС - двајца скопјани не носат маски, се закануваат и напаѓаат
Непријатно видео се шири на социјалните мрежи. Двајца скопјани не само што не носат маски во автобус, туку и се закануваат со сечење глави и топење во киселина и ги напаѓаат граѓаните кои ги предупредуваат на ова однесување, но и на возачот во автобусот.
На ова видео на кое се гледа како двајца граѓани од земјава во автобус на јавниот превоз се буквално без маски, односно ги носат, но не им се покриени ниту устата ниту носот, веќе се шири на социјалните мрежи. Тие им се акануваат на луѓето во автобусот кои ги опоменуваат, со образложение „не знаеш ти кој сум јас“, како и дека „ќе ги стопат во киселина“.
Постот и видеото се денеска објавени од профил на Твитер Charles Boycott.
„Ај да ги направиме познати МОРОНИВЕ! Жена во години им вели да стават маска, тие ја тепаат! Се закануваат на пола автобус дека ќе му сечат глава и дека ќе ги ставаат во киселина! На крај ја напаѓаат девојката која снима!“, се вели на ппстот што го објавил овој профил.
Погледнете го видеото.
Ај да ги направиме познати МОРОНИВЕ! Жена во години им вели да стават маска, тие ја тепаат! Се закануваат на пола автобус дека ќе му сечат глава и дека ќе ги ставаат во киселина! На крај ја напаѓаат девојката која снима! #ПодМачБато pic.twitter.com/TqDsXilg8s
— Charles Boycott (@JohnnyParka) January 8, 2021
