Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КИТАНСКИ ЗА ПОЖАРОТ ВО ПЕХЧЕВО: Порано имавме чист воздух, сега глетката е страшна

(ВИДЕО) КИТАНСКИ ЗА ПОЖАРОТ ВО ПЕХЧЕВО: Порано имавме чист воздух, сега глетката е страшна

Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански за Тв 24 денеска изјави дека закани по населени места, но гореше планината Буковиќ. Рече дека претходно имале чист воздух, но сега глетката е страшна. 

За изгореното возило во пожарите, рече дека ќе набават ново. 

„Сите доброволци за гасење на пожарот во Пехчево утре 13.08.2024 (вторник ) во 05:00 часот да бидат на зборно место плоштад свети Петар и Павле со себе да понесат лопати, гребули и пумпи! Заедничкото заминување за гасење на пожарите е со цел подобра координација на теренот“, пишува тој на Фејсбук. 
Пунктот за донирање на храна и вода е во просториите на Домот на културата во Пехчево и истиот е отворен 24 часа. Градоначалникот наведе дека самоиницијативното гаснење на пожарот најстрого се забранува. 

Пет лица кои вчера доброволно гаснеле пожар кај Пехчево вдишиле чад и се здобиле со повреди. Според информациите од МВР, им била укажана лекарска помош. 

Жителите на Пехчево кои учествуваат во гаснење на пожарот, објавија видеа кои покажуваат дека е навистина страшно. Неодамна во Пехчево имаше голем пожар, а ова е втора ваква голема огнена стихија околу градот. 

Слично

Поврзани вести