Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: Kaвадаречки ученици на екскурзија во Франција го туркаат автобусот за да запали

ВИДЕО: Kaвадаречки ученици на екскурзија во Франција го туркаат автобусот за да запали

Родители на ученици од кавадаречката гимназија „Добри Даскалов“ споделија снимка на која се гледа како нивните деца, кои се на екскурзија во Франција, го туркаат автобусот за да запали.

Како што пренесува порталот „Дума“, родителите не се задоволни од превозот. 

Учениците сведочат дека проблемите се појавиле уште на почетокот на патувањето, кога во Кавадарци дошле два автобуса, од кои едниот имал технички недостатоци.

Директорката на гимназијата, Јасмина Чулева, за „Дума“ изјави дека по првата интервенција, во која бил направен вонреден технички преглед и бил обезбеден исправен автобус, засега екскурзијата се реализира без проблеми, но дел од родителите го тврдат спротивното. 

Фото: Јутјуб / принтскрин


Слично

Поврзани вести