Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Каракачанов вели дека Македонија има иднина во ЕУ ако се спои со Албанија или Бугарија

(ВИДЕО) Каракачанов вели дека Македонија има иднина во ЕУ ако се спои со Албанија или Бугарија

Две алтернативни има Македонија за во иднина според бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов. 

Според него, таа или ќе се спои кон Албанија или кон Бугарија.  Каракачанов вели дека Македонија би била дел од ЕУ само доколку стане албанска провинција или пак да се приклучи кон Бугарија.

„Има иднина, јас сум зборувал со повеќе скопски политичари и им кажувам дека имаат две алтернативи, едната е за 20 години да се приклучат кон Албанија и да станат албанска провинција, а другата е европска интеграција нормално во рамките на една бугарска држава“, вели тој. 


Условувањата на Бугарија не запираат. Ганка Цветанова, професорка и поранешна министерка култура на земјава во Владата на Љупчо Георгиевски, вчера се огласи преку Твитер со индиректна порака до министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева. 

„Кажете и на Захариева дека во Македонија постои бугарски културен центар отворен како резултат на Договорот за културна соработка меѓу Македонија и Бугарија, потпишан во 2002 година, од моја страна, како министер за култура, и тогашниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси“, вели таа. 

Контроверзни тврдења има уште еден  бугарски политичар за земјава.

„По иронијата на судбината денес судбината на македонизмот зависи од Ердоган и Мицотакис“, напиша на Фејсбук бугарскиот политичар и поранешен амбасадор, Велизар Енчев. 

Тој вели дека во телевизиско интервју, македонскиот претседател ја одби понудата на Грција да посредува во бугарско-македонскиот јазично-историски спор што го попречува членството на Скопје во ЕУ.

Слично

Поврзани вести