(ВИДЕО) Каменос танцува на бузуки по изгласаниот Протокол за прием на Македонија во НАТО
Поранешниот владин коалиционен партнер Панос Каменос, иако силно се противеше на Преспанскиот договор и излезе од грчката влада поради тоа, беше снимен и објавен на социјалните мрежи како танцува на музика од бузуки во ноќен клуб.
Претседателот на партијата Независни Грци и доскорешен министер за одбрана е снимен како се весели на ритамот на бузуки во живо по распадот на неговата пратеничка група, како што беше потврдено со видеото објавено на Фејсбук од групата "Truth Team".
Танцувањето на музиката од познатиот грчки инструмент е непосредно по парламентарната ратификација на пристапниот Протокол за прием на Македонија во НАТО.
Слично
