Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) КАКО НА ФИЛМ: МВР во голема акција приведуваше криумчари на мигранти, земале од 500 до 700 евра за лице

(ВИДЕО) КАКО НА ФИЛМ: МВР во голема акција приведуваше криумчари на мигранти, земале од 500 до 700 евра за лице

МВР и Обвинителството спроведе акција за сузбивање на организирана криминална група што криумчарела мигранти, при што се приведени 10 лица.

Портаролот на МВР Тони Ангеловски соопшти дека оваа група мигрантите ги криумчарела од Грција, преку Северна Македонија, Србија, и натаму кон земјите на ЕУ. 

Криминалистичката истрага е отворена во декември 2019 година и во овие 10 месеци колку што трае истрагата биле прокриумчарени 100-тина мигранти, а трансферот на едно лице бил од 500 до 700 евра по лице. 

Организатори на криминалната група се две лица од Богданци, татко и син, како и едно лице од Лојане и едно од Скопке. Денеска се извршени претреси на 10 локации во Скопје, кумановско, штипско и гевгелиско и притоа се приведени 10 лица, а еден член на групата за истото дело од претходно е на издржување на мерка протвор. 

Соработници на оваа група од Грција преку нелегалнио премини ги пренесувале во Гевгелија и Дојран, од таму членови на групата го носечле во Кумановско-липковскиопт регион, каде биле засолнувани и чекале трансфер кон Србија. Оваа група имала соработници и во Србија. 

Денеска до Обвинителството ќе поднесе кривична пријава против овие 12 лица. 


Слично

Поврзани вести