(ВИДЕО) Кај Тирана е уапсен 52-годишник од скопско Копаница кого властите го бараат за извршено тројно убиство
Кај Тирана полицијата го уапси 52-годишникот Б.Ш. од скопско Копаница, кого властите го бараат за извршено тројно убиство во земјава.
Тој долго време се криел во Тирана, користејќи фалсификувани документи за идентификација, на име на граѓанин од Косово. Оперативните служби во Албанија го лоцираа и уапсија осомничениот за три убиства во областа Суво езеро.
По преземените дејствија, беше спроведено привремено апсење, со цел екстрадиција. Б.Ш. е осомничен дека на 5 октомври во 2007 година, во село Копаница, скопско, убил тројца граѓани со огнено оружје.
При физичкиот претрес и во станот, кај овој граѓанин се пронајдени и одземени 1 косовски пасош, косовска лична карта и возачка дозвола, фалсификувани, со податоци за граѓанин од Косово.
