(ВИДЕО) КАЈ ЈАСЕН: Армиски хеликоптер фрли 7,5 тони вода врз критичните жаришта
Армијата соопшти дека денеска во раните утрински часови, почнувајќи од 06:30 часот, хеликоптер Ми-8МТ од Хеликоптерскиот сквадрон при Воздухопловниот Винг, во тесна координација со надлежните институции, беше ангажиран за гаснење на шумски пожар во повеќенаменското подрачје Јасен.
И покрај предизвикувачките услови, сложениот терен и намалената видливост поради густ чад, летачките екипи успешно изведоа 3 (три) прелети и испуштија 7,5 тони вода врз критичните жаришта.
„Оваа интервенција уште еднаш ја потврдува подготвеноста, професионалноста и посветеноста на Армијата во заштитата на населението и природата. Армијата останува во целосна готовност, секогаш каде што е потребна поддршка“, велат од армијата.
Еден пожар е активен, четири се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати од регистрираните осум пожари до 14:00 часот денеска, соопшти Центарот за управување со кризи.
