Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

Поради операција на слепото црево, кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски мораше да ги откаже теренските активности.

Тој на социјалните мрежи објави видео во кое објаснува дека вчера имал, како што рече, мала здравствена криза.

„Веќе во текот на денешниот ден сме оперативни и во 19 часот продолжуваме со чет во живо за сите предлози и коментари што ќе ги имаме. И од утре, секако, продолжуваме со иста динамика и темпо во теренските посети бидејќи навистина успеавме во изминатите неколку недели да иницираме еден сериозен бран енергија и желба за промени. Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно“, порача Деспотовски. 

Тој вели дека операцијата поминала добро.  Се заблагодари на желбите за брзо опоравување. 

Видеото можете да го видите тука. 

Слично

Поврзани вести