(ВИДЕО) ЈАВЕН ПРЕВОЗ, УРБАНИЗАЦИЈА: Мециновиќ ги кажа приоритетите за Град Скопје
На 19 октомври ќе се најдам предложен на гласачкото ливче од Левица, како прв чекор кон возобновување на градот. Нудам агенда со истите цели за кои се борев и како советник, вели кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ.
„Возобновување на јавниот превоз и пронаоѓање нови методи на јавен превоз. Урбанизација со хумано лице, како и посветување на градската хигиена, најпосле и најважно, борба со загадувањето на воздухот“, вели Мециновиќ.
Тој соопшти дека во наредните ќе се создаде движење, наспроти како што рече, машинеријата на големите партии кои повторно ќе ги дадат истите ветувања.
„На нивна страна се моќта, парите и елитата која не ни дозволува да живееме во сопствениот град, според наша мерка. Но, на наша страна е оружјето за кое тие немаат одговор, а тоа е љубовта кон сопствениот град. Градот веќе се буди, ние сме веќе тука, затоа што ова е наша приказна, наша борба за нашето Скопје“, рече Мециновиќ.
