(ВИДЕО) „Јас Македонец, а она Русинка“ ... песната со која Влатко Илиевски настапи на евровизија
Влатко Илиевски со песната "Русинка" ја претставуваше Македонија на Евровизија 2011 година во Дизелдорф, Германија.
Македонија и тогаш не успеа да биде дел од големото европско музичко финале на 56. Евровизија.
Ни на Влатче не му успеа во Дизелдорф да ја прекине лошата традиција на евровизиски неуспех (тогаш по четврти пат). Евровизиското финале наместо од зелената соба зад сцената го гледаше на тв-екраните.
Познатиот пејач ноќеска е пронајден мртов во неговиот автомобил. Засега нема официјални информации што е причината за смртта на младиот Илиевски кој пред неколку дена наполни 33 години. Со неговата музика ќе остане да живее меѓу нас а преку видеото подолу се потсетуваме на евровизискиот настап.
Слично
