Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „Измеќарот“ Трајковски се врати од Будимпешта, не кажа ништо за Груевски

(ВИДЕО) „Измеќарот“ Трајковски се врати од Будимпешта, не кажа ништо за Груевски

Александар Трајковски, советникот во општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за прв пат се појави во јавност по враќањето од Будимпешта, каде што беше фотографиран како го придружува Никола Груевски што воедно беше и прва фотка од поранешниот македонски премиер од неговопто бегство и добивање азил во Унгарија.

Трајковски денеска мораше да се појави на судското рочиште за „Насилство во Центар“ и нарачувањето на шамари за Андреј Жерновски, бидејќи во спротивно СЈО предупреди дека ќе бара притвор за вработениот во Царинската управа.

Царинската управа објави дека тој земал неколкудневно болдеување, а најверојатно Трајковски истото го искористил за да го посети Груевски во Будимпешта.

Пред почетокот на рочиштето не сакаше да даде изјави за медиумите.

Видео: Макфакс



Слично

Поврзани вести