ВИДЕО: Изгаснат пожарот во модуларната болница, Филипче се упати во Тетово
Пожарот е изгаснат во тетовската модуларна болница за ковид-пациенти, може да се види од видеото на Тетово прес. Противпожарни екипи ги гасат последните остатоци од пожарот кој следуваше по експлозијата во кругот на ковид-центарот.
Министерот за здравство, Венко Филипче замина во Тетово. Заменик-министерот за здравство, Илир Хасани исто така е на пат за Тетово, откако изгоре мобилната болница на овој град наменета за „Ковид-19“.
Се што известува Министерството за внатрешни работи е дека пожарот бил пријавен во 21:15 часот, и дека повредените и жртвата се уште нема, а истото го објави и градоначалничката Теута Арифи.
Но дека можно е да има дури двоцифрен број на жртви наговестува и командирот на тетовската противпожарна служба но не сакаше да изнесува бројки. Рече дека извадиле повеќе изгорени тела од пожарот но дека работа на други институции е да ги соопштат бројките.
