(ВИДЕО) ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА: Македонски автобус се запалил кај Петровац Црна Гора
Македонски автобус кој патувал на релација Скопје – Сплит ,во
возење ноќеска во 3 часот се запалил.
Немилиот настан се случил во близина на црногорското летувалиште Петровац.
Патниците и очевидци на настанот велат дека голем број од
патниците во тој момент спиеле, но без многу паника успеале сите да се симнат
од автобусот.
Некои од патниците откако се симнале започнале да го вадат од автобусот багажот, за да го спасат.

За среќа во инцидентот нема повредени.
На местото пристигнала и противпожарната служба коај го изгаснала пожарот. Автобусот по гаснењето е речиси целосно уништен, пренесуваат медиумите.
Слично
