Видео: Иванов повторно се стави во одбрана на криминалот, смета Петре Шилегов
Петре Шилегов ја посочи вината за продлабочување на политичката криза повторно кај Иванов кој се однесува спротивно на Уставот поставувајќи свои правила за доделување на мандатот.
„Укажуваме дека Ѓорѓе Иванов ги крши Уставот и законите и дека тоа повлекува одговорност за Иванов. Ѓорге Иванов нема право политички да дискриминира. Иванов го додели мандатот на Никола Груевски без да му бара потпис од 61 пратеник и да поставува услови за програмата. Оттука нема право тоа да го бара од претседателот Заев.
Ова е недозволиво кршење на Уставот од страна на Иванов, за што се одговара и според Уставот и според Кривичниот законик.
Со своето однесување, Иванов и во овој случај, како и претходно со аболициите, јасно се става во одбрана на криминалот на Никола Груевски.
Со тоа Ѓорге Иванов ги доведува во опасност и граѓаните и државата“, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.
